Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зидан тврди дека Реал не е во криза

Зидан тврди дека Реал не е во криза

Реал Мадрид не е во криза, категоричен беше тренерот на европските клубски шампиони, Зинедин Зидан по нерешениот резултат 1:1 против Еибар во натпревар од седмиот круг на шпанското фудбалско првенство.

Французинот истакна дека тимот само треба да ја пронајде повторно својата игра - брз фудбал и пресинг од првата минута.

- Не сме во криза, но ни треба да излеземе од оваа сложена ситуација. Треба да работиме повеќе и да играме поинтензивно уште од првата минута на натпреварите. Го правевме тоа на почетокот на сезоната, но во последно време тоа не е својствено на нашиот тим. Тоа е единственото нешто што треба да ги направиме за да ги свртиме работите во наша полза, рече тој.


Слично

Поврзани вести