Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зидан објави шокантна вест за навивачите на Реал Мадрид

Зидан објави шокантна вест за навивачите на Реал Мадрид

Зинедин Зидан реши да се повлече од тренерското столче на Реал Мадрид, Французинот вели дека најдобро за сите е да има промени на Сантијаго Бернабеу.

„Кралевите“ на големо изненадување пред еден час закажаа прес-конференција на Зинедин Зидан и во прв момент никој не знаеше какви информации ќе бидат соопштени.

Но веднаш почнаа да кружат гласини дека Французинот поднел оставка и токму тоа го пренесе самиот Зинедин Зидан.

„Донесов одлука да не продолжам на тренерското столче на Реал Мадирд, ова е чуден момент, но потребна е промена за овој тим да продолжи да победува. Потребeн е нов правец, нова методологија и затоа се решив на еден ваков чекор“, рече стратегот.

„Ја донесов оваа одлука бидејќи многу го сакам клубот. Мислам дека во овој момент за сите инволвирани е најдобро да има промена и јас да не бидам на кормилото следната сезона“.


Слично

Поврзани вести