Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жито Лукс со два нови вкуса на Фурнаџискиот свежо печен леб

Жито Лукс со два нови вкуса на Фурнаџискиот свежо печен леб

Фурнаџискиот, свежо печен леб од Жито Лукс, се збогатува со уште два нови вкуса. Покрај добро познатиот и прифатен Фурнаџиски Класик, семејството е дополнето со Селски Фурнаџиски леб како и со најновиот Интегрален Фурнаџиски леб.

„Во Фурнаџискиот лебсе отсликанитрадиционалните вредности што Жито Лукс ги препозна во своите потрошувачи и ги прифати. Токму затоа во истата насока ги создаваме и новите лебови, подготвени според старински рецепт, свежо печени, со вистински мирис и вкус на селска фурна. Сепак, нашите мајстори и тука внесуваат нови и различни вкусови и традицијата ја комбинираат со модерните потреби и барања. На тој начин, со секој нов леб што го пласираме на пазарот се обидуваме да останеме доследни и да одговориме на барањата на сите наши потрошувачи“, изјави Лидија Трајковска, Маркетинг менаџер во Жито Лукс.

zito luks

Новото семејство Фурнаџиски лебови, Класик, Селски и Интегрален направени се со високо квалитетно пченично брашно и без употреба на конзерванси и вештачки бои. Како свежо печени, се одликуваат со мека структура, крцкава кора и врвен квалитет. Заради свежината на вкусот се доставуваат до маркетите што се на територијата на Скопје.

Слично

Поврзани вести