Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жителите на Шуто Оризари добија подобрена електрична мрежа

Жителите на Шуто Оризари добија подобрена електрична мрежа
ЕВН Македонија го заврши првиот дел од проектот за целосна реконструкција на дистрибутивната мрежа за електрична енергија во Шуто Оризари. Обновена е нисконапонската мрежа од  трафостаницата Шуто Оризари 10. Старата и недоверлива мрежа, (постара од 30 години) со неизолирани и дотраени проводници кои беа потенцијална опасност за избувнување на пожари, заменета е со нова, соопштија од компанијата. Дрвените столбови кои се наоѓаа во објектите на потрошувачите се дислоцирани, односно заменети со нови бетонски столбови поставени надвор од имотот на потрошувачите. Поставен е нов магистрален (главен) нисконапонски вод во должина од 1 600 метри, нови приклучни кабли за потрошувачите во должина од 14 000 метри, подигнати се 30 нови бетонски столбови,  поставени се 45 специјални мерно разводни ормари за електични броила. Во целиот проект се инвестирани 7.500.000 денари или над 120.000 евра, информираат од ЕВН  Македонија.  
Слично

Поврзани вести