Жерновски обвинува за буџетски штети од 8 милиони евра, ВМРО-ДПМНЕ, пак му забележува дека не знае да брои
По направениот ревизорски извештај за Скопје 2014, градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, вчера повторно го повика Јавното обвинителство да поведе псотапка за, според него, наместените тендери и незаконски јавни набавки.
При ревизијата, според опозиционерите, утврдено е дека се направени буџетски штети од 8 милиони евра, и тоа само за 11 споменици. Жерновски го повика премиерот Никола Груевски да одговори дали осум милиони евра се малку пари.
Тој повторно упати и прашање до скулпторката Валентина Стевановска, ако таа не ги земала парите за изработка на Воинот и Воинот на коњ, да одговори тогаш кој ги зел. Првиот човек на Центар обелодени дека Стевановска зела хонорар поголем од 2 милиона евра, наспроти нејзиното тврдење дека Воинот на коњ го изработила бесплатно.
За ВМРО-ДПМНЕ бројките се само шпекулација.
„Ова значи дека Жерновски има намера и понатака да продолжи да шпекулира со паушални бројки од 500 милиони,200 милиони и 8 милиони околу проектот Скопје 2014“, се вели во соопштените на ВМРО-ДПМНЕ.
Тие стојат на ставот дека според нив во сите постапки испочитуван е законот за Јавни набавки и сите материјални закони. Доколку во тоа не верува градоначалникот на Центар повторно го повикуваат да поднесе кривични пријави.
Слично
