Жерновски: Ќе се отстрануваат 15 незаконски поставени споменици во Центар
Споменикот на Цар Душан, на Мостот на цивилизациите е поставен без документација, тврди градоначалникот Андреј Жерновски. Според првичната анализа на општина Центар, вели тој, поголем број споменици на овој мост биле незаконски поставени.
Жерновски, во изјава за Ал Џезеира најавува и дека сите нелегални објекти поставени во општината ќе бидат отстранети.
„Нема да го третираме споменикот како нешто посебно. Само ако принципиелно работиме можеме да ги избегнеме замките на кукавички јајца кои власта сака да ги положи во општината", вели Жерновски.
Тој прецизира дека на територијата на Центар поставени се вкупно 15 илегални споменици. Покрај тој на Цар Душан, од општината велат дека не издале никаква дозвола и за Јосип Броз – Тито. За да се утврди состојбата, општината формирала комисијата за истражување на поставувањето на спомениците, која со работа треба да почне утре.
Поставувањето на споменикот на Цар Душан се уште ја бранува јавноста. Полицијата додега ги нема идентификувано лицата кои се обидоа да го урнат овој споменик, иако надлежните тврдат дека работат на случајот.
Слично
