Зголемено производството на грозје во Македонија
Производството на грозје во 2015 година, во споредба со 2014, бележи зголемување за 65.8%.
Ова е наведено во соопштение на Државниот завод за статистика. Во државата 5% од обработливото земјиште отпаѓа на лозја. Лани под лозја имало 23.240 хектари земјиште, а во 2014 година површината била 23.061 хектари.
Во структурата на обработливо земјиште, доминираат ораници и бавчи на кои отпаѓаат 80%.
Ливадите зафаќаат 12%, а овоштарниците 3%.
Слично
