Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зголемени овоштарниците во Македонија за 3.6%

Зголемени овоштарниците во Македонија за 3.6%

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2015 година, во споредба со 2014 година,  површините под овоштарници се зголемени за 3.6%.

Производството на овошје во 2015, во споредба со претходната година бележи зголемување кај сите видови овошје, освен кај црешите. Производството на грозје лани во споредба со 2014 година, исто бележи зголемување и тоа за 65.8%.

Бројките покажуваат дека во Македонија најмногу се произведуваат јаболка, и тоа 136.931 тони се произведени лани. Лани се произведени 41.477 тони сливи во земјава, праски  12.006 тони, круши 9.016 тони , 8.483 тони вишни, 6.248 тони цреши и 5.790 тони ореви.

Од вкупната обработлива површина во Македонија, 3% отпаѓаат на овоштарници.

Слично

Поврзани вести