Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зголемeн број на затворските казни и пресуди за сузбивање на кражбите на електрична енергија

Зголемeн број на затворските казни и пресуди за сузбивање на кражбите на електрична енергија
Од почетокот на годината до сега, екипите на ЕВН Македонија откриле над 400 кражби на електрична енергија. Кражбите се откриени при редовните контроли на мерните места и специјалните анализи на потрошувачката и испораката онаму каде што постои сомнеж за неовластено користење на електричната енергија, соопштуваат од компанијата. За сите корисници се поднесени пресметки за неовластено користење на електричната енергија и кривични пријави. Украдени се над 5 милони киловатчаса електрична енергија и направена е штета од 700 000 евра. Државата е оштетена за процентот на данокот на додадена вредност кој не може да се наплати при кражби. Во споредба со истиот период минатата година кражбите се скоро двојно намалени. „Ова се должи пред се на континуираната контрола која на мерните места ја прават ЕВН и полицијата, како и на строгите законски мерки. Зголемувањето на затворските казни и пресудите, му дадоа сериозност на пристапот за сузбивање на овие кривични дела“, соопштуваат од ЕВН Македонија. Од почетокот на годината донесени се вкупно 165 судски пресуди, од нив 9 се пресуди со кои е изречена затворска казна за неовластено користење на електрична енергија. Заедно со 5- те пресуди од минатата година, вкупно 14 корисници ќе се најдат зад решетки поради кражби на електрична енергија и слични кривични дела. Сепак, најголемата штета од кражбите ја имаат корисниците кои редовно ги плаќаат сметките и дистрибутивниот систем. Голема е опасноста по животите и здравјето во близина на кражба на електрична енергија, често се случуваат и експлозии и пожари. Онаму каде има кражби има и чести дефекти и слаб напон, предупредуваат од компанијата.
Слично

Поврзани вести