Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жетвата на ориз привршува, колкави се приносите?

Жетвата на ориз привршува, колкави се приносите?

Во кочанско 70% од површините под ориз се ожнеани. 

Од насеаните 4.850 хектари во регионот од кочанско, виничко, штипско и пробиштипско, годинава се очекуваат просечни приноси по 5000 килограми од хектар. 

Од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кочани објаснуваат дека во кочанскиот производен регион од засеани 4.300 хектари, а досега се ожнеани 72%  од површините. Приносите на некои површини се движат од 4.500 до 5.000 килограми од хектар.

Годинава подобри приноси има кај турските сорти ориз, но, не изостануваат по приносите и домашните сорти ориз Ер 76, Прима Риска и Монтеса, како и сортите Монтичели и Кочански. Жетвата на оризот се очекува да заврши за десетина дена.

Во овој дел од Македонија во полн ек е и есенската сеидба. Планирани за сеидба се 6.400 хектари од кои повеќето површини се планира да бидат насеани со житни култури-пченица, јачмен и рж односно 6.100 хектари. Досега есенската сеидба во кочанско е реализирана со 36%. Таа треба да заврши во наредните две недели.



Слично

Поврзани вести