Жените Се Само Бројки Во Машкиот Свет
Каква е улогата на жените во локалните избори во земјава. Застапени ли се, добиваат ли доволно простор, ги прифаќа ли општеството или ги дискредитира… На овие прашања, тимот на Женски Магазин ќе се обиде да добие став од дами, успешни во своите професии.
Ставот на Катерина Топалова, уредник на информативната програма на МТВ, за Женски Магазин го пренесува Вики Чадиковска.
Женски Магазин: Сметате ли дека меѓу кандидатите за градоначалник, застапеноста на припадничките на понежниот пол е премала?
Топалова: Живееме во машки свет во кој имаме премала застапеност на жените во политиката и на лидерски позиции во Македонија, а и воопшто во светот. Дека имаме многу малку или незначителен број на жени -кандидатки за градоначалнички на претстојните избори не е ништо ново. Жените имаат улога да потполнат бројка по некакви стандарди. Тоа е тема која се повторува и од претходните локални, и од парламентарните, и од претседателските избори и воопшто од сите изборни циклуси. И повеќе не е прашање дали, туку како да се надмине оваа нееднаквост.
Повеќе можете да прочитате на zenskimagazin.mk.