Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еден посилен и серија помали земјотреси денеска во Скопје

Еден посилен и серија помали земјотреси денеска во Скопје
Вечерва околу 18 часот во Скопје беше почуствуван земјотрес со интензитет од 3 степени според Рихтеровата скала.  Епицентарот е регистриран на 16 километри источно од Скопје, односно во селото Марино. Според првичните податоците, бил на длабочина од 5 километри. Според сведочењата на голем број граѓани на социјалните мрежи, земјотресот посилно е почуствуван во околината на Скопје, посебно од жителите кои во моментот на ударот се наоѓале на повисоките катови. Земјотресот во 18 часот всушност е најсилниот потрес денеска, а апаратите на сеизмолошката опсерваторија на во Скопје претходно регистрирале серија помали земјотреси во околинатана главниот град.
Слично

Поврзани вести