Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјоделците задоволни од исплатата на субвенциите

Земјоделците задоволни од исплатата на субвенциите

Претседателот на Сојузот на земјоделците на Македонија, Вељо Тантаров денеска изрази јавна благодарност поради пуштањето на парите од субвенциите за земјоделците.

Тој потврди дека први субвенции земале тутунарите и сточарите, а од вчера почнала исплатата и за производителите на пченица, пченка, јачмен, р‘ж и ориз.

„Со оваа владина интервенција им се помага на земјоделците за надминување на проблемите од ланската суша што доведе до голема беспарица и тешкотии во организирањето на новото, годинешно производство на храна во државата. Исплатата на субвенциите за ланското производство се врши три месеци порано и се реализира, а тоа значи дека Владата најде сили и го исполни и овој договор“, рече Тантаров.

Претходно и Министерството за финансии информираше дека се исплатени вкупно 341 милиони денари субвенции на 13.041 земјоделец за поддршка на одржување лозови насади, производство и продажба на тутун и производство на градинарски култури.

Татнаров денеска најави и дека пролетната сеидба на семето за тутун и градинарски култури во Пелагонија се очекува да почне околу 15-ти април.

Слично

Поврзани вести