Земјоделците од Битола, Новаци и Могила добија отштета од 39,5 милиони денари
39,5 милиони денари отштета им исплати Владата на земјоделците од општините Битола, Новаци и Могила.
Овие субвенции се поддршка на земјоделството и отштета за поплавите кои овие подрачја ги зафатија годинава.
Додека пак 12,5 милиони денари, Владата им исплати на сточарите и други земјоделски гранки, од кои 4,3 милиони отидоа за грла овци.
2,4 милиони денари се наменети за постоечки овошни насади, 1,4 милиони денари за порибување на рибиоловни подрачја и зони, 1,1 милиони денари за инвестициони вложувања, 1 милион денари за помош на млади земјоделци, 0,9 милиони денари за кози, 0,5 милиони денари за пчели, 0,5 милиони денари за техничка помош за рибарство и 0,3 милиони денари за приплодни маторици.
Слично
