Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјоделците кои ќе ги обележат своите ниви ќе добијат субвенции

Земјоделците кои ќе ги обележат своите ниви ќе добијат субвенции
Субвенции за земјоделците ќе дава државата  под услов тие да ги  обележат нивите. Земјоделците треба да се јават во подрачните единици каде живеат и да ја одбележат земјоделската  површината  која ја работат. До сега оваа обврска  ја немаат завршено 40 % од македонските земјоделци. -Од оваа година земјоделците нема да можат да добијат субвенции , доколку  не се јават во подрачните единици и не си ги зацртаат површините кои ги работата. Затоа сакам да апелирам до тие 40 % кои од различни причини не го направиле, а процесот е бесплатен, мора тоа да го направат, ако сакаат годинава да аплицираат за субвенции“ изјави Зоран Коњановски, заменик, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Постапката е едноставна и бесплатна, а со овој процес македонското законодавство се доближува до она на Европската унија, со што се олеснува и процесот на евидентирање и аплицирање за субвенции.  
Слично

Поврзани вести