Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјоделските стопанства до 30 јуни да аплицираат за финансиска поддршка

Земјоделските стопанства до 30 јуни да аплицираат за финансиска поддршка

Сите земјоделски стопанства до 30 јуни, можат да поднесат барање за финансиска поддршка.

Од Агенцијата за рурален развој повикуваат да се искористат средствата кои се нудат, а барања може да се поднесуваат и електронски.

„Во овој период се поднесуваат барања за растително производство и тоа за: површини со полјоделски и градинарски култури, одржување на лозови и овошни насади, како и производство на сертифициран семенски и саден материјал. За сточарското производство се поднесуваат барања за одгледување на: говеда, овци, кози, свињи, пчели, живина“ - велат од Агенцијата.

Корисници на финансиската поддршка се земјоделски стопанства кои се впишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и ги исполуваат сите услови кои се пропишани во Законот за земјоделство и рурален развој, Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2016 година и Уредбата за директни плаќања за 2016 година.

За детали околу висината на помошта, критериумите, заинтересираните можат да се информираат на веб страната на Агенцијата.

Слично

Поврзани вести