Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјоделци побрзајте- истекува рокот за субвенции

Земјоделци побрзајте- истекува рокот за субвенции

Денеска завршува рокот за поднесување барања за земјоделски субвенции за 2014 година.  Сите заинтересирани барањето треба да го поднесатпо електронски пат без доставување документи, врз основа на претходно евидентирани податоци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни.

- Ги потсетуваме одгледувачите на говеда, овци, кози и пчели пред поднесување на барањето задолжително да ја проверат и по потреба ажурираат состојбата на животните во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор, соопшти Агенцијата.

Платежната агенција ги повикува сите заинтересирани земјоделци кои се уште не аплицирале, веднаш да се обратат во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што имаат регистрирано земјоделско стопанство за да поднесат барање во пропишаниот рок.

Слично

Поврзани вести