Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјата од уништување ја штити мистериозен невидлив појас

Земјата од уништување ја штити мистериозен невидлив појас

Научниците кои го проучуваат Ван Аленовиот појас на зрачење дошле до значајно откритие.

Тие откриле дека постои невидлив штит која ја опкружува нашата планета и ја штити.

Во извештајот стои дека штитот се наоѓа на околу 11.600 километри над Земјината атмосфера. Неговата примарна функција е заштита на планетата од „електрони убијци“.  Имено, овие честици можат да ги оштетат комуникационите системи и сателити, а претставуваат опасност и за астронаутите.

Во соопштението пишува и дека електроните кои се движат околку Земјата со брзина „приближна на брзината на светлината“, а можат да ја оштетат струјната мрежа, влијаат на климата и го зголемуваат бројот на заболени од канцер.

Мистериозниот штит е опишан како два прстени кои се состојат од високоенергетски електрони и протони.

Ван Аленовите појаси се откриени пред речиси 50 години и се наоѓаат на околу 40.000 километри од Земјината површина.

Научниците ја утврдиле точната локација на заштитниот прстен, а според извештајот, тој лежи помеѓу два Ван Аленови радијациони појаси.

Во зависност од количината на космичкото зрачање, прстените се прошируваат или собираат и така ја штитат Земјата од „ултрабрзите електрони“ кои благодарение на нив не можат да продрат низ Земјината атмосфера.

До ова важно откритие дошол тимот на професорот Даниел Бејкер од Универзитетот во Колорадо со помош на податоци добиени од две сонди близначки, кои НАСА ги пратила во Ван Аленовиот појас во 2012.

Научниците уште не го знаат потеклото на штитот и како точно функционира. Откритието е објавено во магазинот „Природа“.

Слично

Поврзани вести