„Зелена иднина: од градинка до училиште“: дм дрогерие маркт најави раззеленување на училишните дворови низ целата земја
Компанијата дм
дрогерие маркт денес на прес-конференција одржана во скопското кафуле „Leaf“ го
најави отворањето на конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ за пријавување
на сите државни и општински градинки, основни и средни училишта за
хортикултурно уредување и раззеленување на нивните дворови. Конкурсот е поддржан од
Министерството за образование и наука, а партнер за неговото спроведување е
Македонското еколошко друштво (МЕД).
На
прес-конференцијата присуствуваа претставници од Македонското еколошко друштво
(МЕД), ЈП Национални шуми, еколошки здруженија, инфлуенсери и повеќе медиуми.
„Сите сме дел од ова општество, и како дел од него
имаме моќ, но и одговорност да помогнеме, бидејќи животната средина е
неповратен ресурс и треба да се грижиме за неа. Одржливоста и грижата за
животната средина е стратешка определба во работењето на dm години наназад. Особено сме среќни што оваа година
повеќе ќе се фокусираме на градинките и училиштата – во нивно раззеленување и
збогатување на знаењата на учениците и децата. Со ова, сакаме да поттикнеме
љубов, одговорност и зелени навики, бидејќи овие нешта најубаво се учат од
најрана возраст.“ –
изјави Сандра Атанацковиќ Ѓурѓев, дел од маркетинг тимот на dm.
Конкурсот е
достапен на платформата dm-zaedno.mk и ќе биде постојано отворен за праќање пријави.
Повеќе информации за правилата и условите за конкурсот може да прочитате тука.
Садењето во
градинките и училиштата ќе се одвива во етапи, во месеците што се предвидени за
садење: септември, октомври, ноември, март, април и мај. Со оваа иницијатива, дм
сака оваа година да инвестира речиси 1,5 милион денари за садење дрвја во
дворовите на градинките и училиштата низ целата земја.
Оваа иницијатива
ќе има и повисока цел – благодарение на експертизата на Македонското еколошко
друштво, проектот ќе биде збогатен и со едукативни и интерактивни
работилници преку кои децата и учениците во градинките и училиштата во кои
ќе се садат дрвја ќе научат повеќе за важноста на пошумувањето и грижата за
животната средина.
Во истиот амбиент
беше најавено и следното масовно пошумување што дм традиционално ќе го организира и оваа година, во ноември. Преку проектот „Пошумуваме
заедно за позелено утре“, изминатите
3 години беа насадени повеќе од 100 000 садници на територијата на
целата земја. Оваа година од компанијата најавија дека е планирана најмасовната
акција досега за засадување 50 000 садници во околината на Штип, со
поддршка на ЈП Национални шуми, вработени во дм и волонтери.
Не смееме да го
игнорираме фактот дека природата може без нас, но ние не можеме без природата и
нејзините ресурси. Токму затоа ги повикуваме сите државни и општински градинки
и училишта да се пријават на конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“
и да се приклучат во раззеленување на нашата животна средина!
ПР објава
