Зелен кредит – зелен бизнис
Нови - зелени кредити за семејствата кои ќе сакаат да заштедат електрична енергија, да ги намалат трошоците во домашниот буџет и да допринесат за зачувување на животната средина. Од идната недела ќе можат да ги искористат новите наменски кредити на Алфа банка кои ќе изнесуваат од 200 до 10.000 евра. Домаќинствата ќе може да инвестираат во соларни термални системи за производство на топла вода, нови врати и прозорци со топлинска изолација, иновативни системи за греење и ладење, кровна изолација и вградување други системи кои работат на обновливи извори на енергија. Кредитот, Алфа банка го одобрува со шест месечен грејс период, фиксни камати за првата година од 4,4 проценти за износи во евра и од 7 проценти за денарски износи, без трошоци за аплицирање и за провизија.
Андреас Галатоулас, главен извршен директор на Алфа банка рече дека новиот зелен кредит на банката е производ кој ќе одговори на новите потреби на граѓаните.
„Веруваме во зелениот бизнис и затоа развивме конкретни банкарски производ, кој нуди можност клиентите да направат профитабилни инвестиции со цел да се заштеди електрична енергија“, истакна Галатоулас.
Слично
