Економија, финансии, бизнис

Контакт

Здружението на дипломирани студенти од турските универзитети во Македонија повикува на смиреност и следење на информации само од официјални институции

Здружението на дипломирани студенти од турските универзитети во Македонија повикува на смиреност и следење на информации само од официјални институции

Здружението на дипломирани студенти од турските универзитети во Македонија реагира на актуелните недоразбирање поврзани со објавените вести во дел од домашните медиуми во врска со раскинувањето на договорот за взаемно признавање на дипломите со Турција. 

Од здружението кое ги обединува во едно сите дипломирани студенти од турските универзитети велат дека се превземени сите неопходни чекори и повикуваат сите затекнати лица од оваа состојба да ги земаат во предвид само информациите дадени од официјални институции.

“Забележавме дека вестите поврзани со укинувањето на билатералната - Спогодба за меѓусебно признавање на свидетелства, дипломи, квалификации, научни степени и звања стекнати во Република Македонија и Република Турција, од страна на Република Турција создаде грижа во образовните кругови и меѓу студентите и родителите. Од моментот кога овие вести беа објавени, Здружението на дипломирани студенти од турските универзитети ги превзеде неопходните чекори и ги контактираше институциите и во нашата држава и во Република Турција.

За да ги заштитиме нашите дипломци и студенти кои ги продолжуваат нивните студии во Република Турција, оваа тема беше внимателно разгледана со нашите соговорници. Имајќи ги предвид дезинформациите што се присутни во јавноста, сакаме да ја истакнеме важноста да останеме смирени и ве повикуваме да не ги земате предвид објаснувањата, освен оние дадени од страна на официјални институции”, велат Исмаил Алији и  Џеладин Џули, Копретседатели на Здружението на дипломирани студенти од турските универзитети.

Од здружението најавуваат дека како и досега ќе продолжаат посветено да работат на решавање на сите проблеми со кои се соочуваат дипломците и студентите на турските универзитети.

Слично

Поврзани вести