Збогум лето, добредојде за есента!
Есента за жителите на северната полутопка на Земјата почнува денес, 23 септември. За жителите на јужната полутопка пак почнува пролетта.
Првиот ден од есента, според прогнозите на метеоролозите, ќе биде со умерена облачност и сончеви периоди низ земјава.
Претпладнево ќе биде претежно суво, со можно слабо „проросување“ локално во јужниот дел од земјава. Попладне се очекува мало зголемување на облачноста во западниот, пред се во југозападниот регоион, па повремен дожд ќе има во Пелагонија и Преспа. Југоистокот ќе има почеста појава на слаб дожд попладне. Врнежи ќе има и во повисокиот регион на истокот и крајниот западен, планински регион, според податоците на метеопро.
Максималната температура која денеска ја очекуваме е околу 27°С во повардарскиот крај, 25°С во овчеполскиот, полошкиот и пелагонискиот крај. Охрид и преспа ќе бидат посвежи, околу 23°С, а Осогово Пијанец и Малешево околу 22°С.
