Економија, финансии, бизнис

Контакт

Завршува регистрацијата за Глобалниот инвестициски самит за Македонија

Завршува регистрацијата за Глобалниот инвестициски самит за Македонија
Во понеделник завршува официјалната регистрација за Глобалниот инвестициски самит за Македонија. Досега пријавените 180 македонски и странски компании од сите сектори ќе разговараат за бизнис можностите, инвестициите, конкурентноста, конкретни проекти, конкретни успешни примери и најважно е што ќе се сретнат да разговараат за меѓусебна соработка. Во агендата на  самитот се предвидени пет панелни дискусии на тема Конкурентност на Македонските компании, билатерални состаноци на учесниците и настани за поврзување како гала вечера, коктели и хуманитарен концерт. На самитот г. Хубертус ван Дер Ваарт, со-соновач на инвестицискиот фонд СЕАФ ќе објави и детали за инвестицискиот фонд СЕАФ Македонија 1.  Неговите пласмани ќе бидат наменети за мали и средни претпријатија (МСП) со развојна компонента. Проектираниот инвестициски капитал е 15 милиони долари, а голем влог во фондот има и македонската дијаспора. При конституирање на фондот основната мисија е да се поддржат македонските МСП како најзначаен развоен сегмент во македонската економија. Компаниите можат да добијат повеќе детали и да го пријават своето учество на веб страницата на самитот www.mgisummit.org или телефонски да го контактираат организаторот, Македонија 2025 со своите прашања.
Слично

Поврзани вести