Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заврши жетвата на земјоделските култури во кривопаланечкиот регион

Заврши жетвата на земјоделските култури во кривопаланечкиот регион

Според прегледот на засеани, ожнеани површини и остварено производство по земјоделски култури жетвата во кривопаланечкиот регион е завршена за 2013 година.

Како што информираа од Подрачната единица на МЗШВ од Крива Паланка најзастапена е пченицата која е насеана на 800 хектари со 100 проценти ожнеаност и добиен просечен принос од 2.330 килограми по хектар површина.

Потоа следуваат со стопроцентна ожнеаност на јачменот кој е насеан на 760 хектари и остварен просечен принос од 2.317 килограми по хектар површина, ржта е насеана на 160 хектари и добиен просечен принос од 1.994 килограми по хектар и најмалку е застапен овесот само на 72 хектари и добиен просечен принос од 1.750 килограми по хектар насеана површина.

Слично

Поврзани вести