Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заврши третиот по ред филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“

Заврши третиот по ред филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“

Свеченото затворање на Фестивалот за млади „Џифони Македонија“ се одржа на 11-ти октомври во киното Милениум, каде беа претставени финалните продукти и изведби кои учесниците ги подготвуваа во текот на петте фестивалски дена, како и беа прогласени најдобрите филмови според изборот на младото жири.

12108063_904569086296180_628866673572807645_n

За најдобар филм во категоријата Јуниори беше прогласен „Чесен пионерски збор 2“ во режија на Александар Карпиловски, а плакета таму беше врачена на продуцентот на филмот, г. Владимир Есинов, кој заедно со Владимир Јастреба, претставник од Рускиот културен центар во Софија, Бугарија беа специјални гости на фестивалот.

12105891_903601719726250_757909012248654629_n

За најдобар филм во категоријата Кадети беше прогласен филмот „Прибежиште“ во режија на Марк Брумунд, додека во категоријата Сениори наградата за најдобар филм му припадна на филмот „Шеснаесет“ во режија на Роб Браун.

12096426_904154079671014_2070964055306520840_n

Традиционално, за време на фестивалот се бираат и најактивните учесници во секоја категорија и тие ќе одат како претставници на Џифони Македонија на други меѓународни фестивали. Така, за најактивни учесници во категоријата ЈУНИОРИ беа одбрани: Лука Грашковски, Лука Крстев, Николија Пехчевска и Ева Стојановска, кај КАДЕТИТЕ: Севдалина Дамевска и Јаков Наумовски, а од СЕНИОРИТЕ Тамара Барсова и Тино Апостоловски.

12096204_904154413004314_5055826721867049764_n

И покрај тоа што ова беше последниот фестивалски ден за младите учесници, по изразот на нивните лица беше видливо дека ова не е разделба со фестивалот, туку дека ќе ја носат, збогатуваат  и умножуваат креативната енергија што тука ја акумулираа овие пет дена - се’ до наредното издание на „Џифони Македонија“.

12079180_904153783004377_2685086970298289030_n

Фестивалот оваа година за прв пат беше  поддржан од страна на  официјалениот партнер Македонски Телеком кој како Џифони пријател во текот на петте денови заедно со Агенцијата за филм на Република Македонија, Здружението за ширење на филмската култура и Giffoni Experience, Италија се обидоа преку филмот и богатата филмска и едукативна програма на третото издание на фестивалот да создадат уште една успешна приказна исполнета со нови можности и нови искуства за младите во нашата земја како и младите од другите земји кои се дел од интернационалното жири.

 12074931_904565589629863_644551561336749557_n 12036709_904112453008510_7729905102195388531_n 11214282_10207690224876130_4799432363021770530_n

Слично

Поврзани вести