Заврши наградната игра на Жито Маркети - Навика да освојам повеќе!
Заврши големата Наградна игра “Навика да освојам повеќе!” на Жито Маркети, еден од најраспространетите малопродажни трговски синџири во Македонија. Богатиотнаграден фонд, во кој е иглавната награда - автомобилот Фиат Линеа, ќе биде јавно извлечен на отворена забава, за сите расположени за добра журка, оваа сабота, на 22 октомври, во Велес.


Јавното извлекување на наградите и големата отворена забава за сите зиинтересирани, ќе се одвива на платото пред супермаркетот Жито Ване, во Велес, со почеток од 18,00 часот, со голем број на дегустации и презентации на компаниите –пријатели на Жито Маркети. Тензијата на забавата ќе ја одржуваат млади и етаблирани домашни артисти, меѓу кои ѕвездичките Антонија и Мартија, потоа ќе настапи Марко Маринковиќ Слаткар, па Панчо и Андреј од АрЕнБи дуото ДНК, како и фолк мајсторот Благоја Грујоски. Финалето - со извлекувањето на главната награда – автомобилот Фиат Линеа, ќе биде проследено и со голем огномет.
Наградната игра “Навика да освојам повеќе!” траеше месец и половина, од 1 септември, до 16 октомври годинава, а во наградниот фонд, покрај главната награда, се вклучени скутери, смарт телевизори, машини за перење, лап топ компјутери, како и вредносни ваучери, кои што можат да се употребат за пазарување во продавниците на овој трговски синџир.
Жито Маркети се една од најбрзорастечките трговски марки во Македонија, со 52 малопродажни објекти низ целата земја, со концепт на маркет, супермаркет и дисконт продавници.
