Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заврши Летната школа за електроника на ФЕИТ

Заврши Летната школа за електроника на ФЕИТ

Теоретско запознавање и практично искуство со вградливи микрокомпјутерски системи е придобивката за сите слушатели (студенти и средношколци) на Летната школа „Дизајн на вградливи микрокомпјутерски системи“, која денеска заврши на Факултетот за електротехника и информациски технологии.

Според професор Јосиф Ќосев од Институтот за електроника при ФЕИТ и организатор на Летната школа, студентите практично имаа можност својата „замисла“ да видат како функционира во пракса.

„Драго ми е што студентите, по завршување на испитната сесија, сепак доаѓаат на Летната школа. Имаме и средношколци учесници кои сакаат да научат за оваа област. Всушност, тие имаа можност теоретски да се запознаат со микрокомпјутерските системи и практично да ја реализираат својата замисла“, објасни професор Ќосев.

prof. Kosev

Интересот за оваа школа, според Ќосев, секоја година расте. Школата се организира по петти пат и во неа, годинава, учествуваат околу педесетина учесници. Еден од нив е и студентот на втора година на Инстутот за електроника при ФЕИТ, Добромир Алексиќ.

„Ова е соврешен начин да покажеме како и колку теоретски сме го совладале материјалот на Факултет и дека знаеме да работиме со микроконтролери. Веќе се чувствувам самоуверен да почнам и со самостојни проекти“, вели Алексиќ.

Неговиот колега, студентот Бојан Максимовиќ потврдува дека знаењето е моќ.

„На Школата работев на проект со миркоконтролери и автомобили. Ова е мојата идна професија – електрониката, поврзана со огромната љубов кон автомобилите. Иако е лето, се разбира, има време и за одмор, но ова е одлична можност да научиме нешто повеќе. Ќе бидам побогат доколу научам нешто ново“, објаснува Максимовиќ.

Летната школа завршува со награди за најдобрите студенти во различни категории.

skola 2

Тема на Летната школа се малите скирени (вградени) компјутери кои се наоѓаат во сите електронски уреди – мобилни телефони, телевизиски и радио приемници, автомобили, авиони и други летала, апарати за домаќинство, мерни уреди, медицинска опрема, роботи, играчки. Улогата на овие компјутери и уредите да ги направат „паметни“, односно удобни за користење. На оваа школа учесниците преку предавања ќе ги запознаат овие скриени миркокомпјутери и сами, преку проектна задача, ќе програмираат одредена „интелигентна“ функција.

Летната школа ја организираат Институтот за електроника при ФЕИТ и компанијата СЕАВУ. Нејзините почетоци датираат уште од 2009 година со меѓународниот проект „Embedded System Design”. Редовната програма на овој проект вклучувала одржување летни школи, а последната била одржана на ФЕИТ во Скопје во 2011 година. Поради мошне големиот интерес кај студентите, школата продолжува и по завршување на проектот. Бројот на учесници континуирано расте и годинава, има околу педесетина посетители – студенти од разни факултети од Македонија, средношколци, дипломирани инженери и магистранти. Покрај предавачи од ФЕИТ, на школата гостуваат и предавачи од други факултети, компании и институции од земјава и пошироко.

Слично

Поврзани вести