Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заврши четвртиот фестивал на вицот и шегата во Кавадарци

Заврши четвртиот фестивал на вицот и шегата во Кавадарци

Синоќа во Кавадарци се одржа веќе традиционалниот Фестивал на вицот и шегата насловен „Дедо цепе бурина”.Годинава поради дождот, место на плоштадот покрај големиот коледарски оган,  случувањата беа префрлени во фоајето на домот на културата „Иван Мазов Климе“.

Како витез на вицот и шегата, жирито го прогласи Златко Вузевски-Паја, групата  на Диме Коцевски, инаку актер во кавадаречкиот театар, доби диплома за прво место и три илјади денари. Второ место и две илјади денари доби Панчо Арсовски. Симеон Минов  се пласира на третото место и доби илјада денари. Сите наградени добија  коледе.

Фестивал на вицот и шегата во Кавадарци се одржува по четврти пат, со што манифестацијата прераснува во традиција.

Слично

Поврзани вести