Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зависни сте од интернет? Пријавете се на „дигитална детоксикација“

Зависни сте од интернет? Пријавете се на „дигитална детоксикација“
Психијатриска болница во Пенсилванија наскоро ќе покрене програма за завивници од интернет, прва програма од ваков вид во Америка и Канада, јавува CBC. Во текот на десетдневниот престој во Медицинскиот центар Брадфорд, сите оние, чијшто живот го преземала „мрежата на сите мрежи“, ќе имаат можност да се ослободат од оваа зависност. - Зависноста од интернет е проблем кој се јавува еднакво често како и алкохолизмот. Интернетот е бесплатен, легален и не дебелее – изјави д-р Кимберли Јанг, оснивач на програмата. Програмата за одвикнување од интернет ја осмислиле стручни лица со искуство во борба против зависноста од дрога и алкохол, а цената изнесува 14.000 долари.
Слично

Поврзани вести