Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заваровалница Триглав ја задржа одличната бонитетна оценка

Заваровалница Триглав ја задржа одличната бонитетна оценка

Агенцијата за кредитен рејтинг “А.М.Best„ во рамките на редовната годишна ревизија, повторно и додели на Заваровалница Триглав бонитетна оцена “А-“ (одлично) за финансиска моќ, како и “а-“ (одлично) бонитетна оцена за кредитна способност за издавање. Обете бонитетни оценки се одраз на сигурната капитализираност, прилагодена според ризикот, континуирано добрите бизнис резултати, како и водечката позиција на Групацијата Триглав на словенечкиот пазар и во регионот Адриа.

Среднорочната прогноза за кредитен рејтинг на Заваровалница Триглав е оценета како “позитивнa”. Агенцијата за кредитен рејтинг, оваа оцена ја образложува со одличните перформансина компанијата во изминатите пет години и ветувачките деловни прогнози. Во југоисточна Европа Групацијата Триглав, и покрај тешките услови за работа на осигурителните пазари,продолжи да ги подобруваделовните резултати и да ги спроведува планираните активности за натамошен раст,согласно стратешките цели. Прогнозата, дополнително ја рефлектира цврстата капитална адекватност и соодветноста на управувањето со ризици.

Истите оценки од страна на агенцијата за кредитен рејтинг “А.М.Best„ сепотврдени и за Позаваровалница Триглав РЕ, со што сепотенцира клучната улога и придонесот на Позаваровалница воостварувањето на статешките цели на Групацијата Триглав. Бонитетните оценки имаат стабилна среднорочна прогноза.

Слично

Поврзани вести