Економија, финансии, бизнис

Контакт

Засега нема афлатоксини во пченката

Засега нема афлатоксини во пченката
Државниот инспекторат за земјоделство во досегашните контроли нема идентификувано присуство на афлатоксини во пченката. Како што соопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски, се преземаат интензивни мерки за надзор на пченката што доаѓа од Србија и воедно се засилуваат и контролите. - Мострите од пченката за човечка исхрана се веќе земени. Првите резултати од анализите се очекуваат утре попладне или во петок, истакна Рунтевски. Испитувањето на микотоксините е дел од регуларниот мониторинг на Агенцијата што оваа година почна првпат да се спроведува.
Слично

Поврзани вести