Засадете џиновски сончогледи во градината
Едногодишниот сончоглед (Helliantus annuus) во градината, при обилно наводнување и потхранување со азот може да достигне до 5 метри височина.
Тој се одгледува од расад, а кон крајот на пролетта се сади на соодветно место.
Во саксии со дијаметар не помалку од 30 см може да се засадат сорти со висина до 2 метри. Дајте му на растението потпора така што ќе го врзете стеблото.
Во тенџере со дијаметар од 15 см ставете 3-5 семки од сончоглед, и редовно полевајте ги.
Кога растенијата ќе достигнат височина од околу 15 см, оставете во саксијата само едно и тоа најсилното растение. Ставете ја саксијата на светло и топло место.
Полевајте го и потхранувајте го растението, а кога ќе се развијат корењата засадете го во голема саксија и со него ќе ја украсите својата градина.
Сончогледот (Helianthus annuus) е едногодишно растение од фамилијата на штитоцветните кое потекнува од Америка. Името му потекнува од големите цветови, чиј облик е слична на сонце, но и поради навиката да се навртува кон сонцето во склад со неговото движење по небото.
