Економија, финансии, бизнис

Контакт

Запрел со изградба на куќа - пиперките поисплатливи

Запрел со изградба на куќа - пиперките поисплатливи

Земјоделецот Топлица Цвејиќ од селото Шуљковац кај Јагоидна во Србија, од 55 ари земјиште добил 25 тони пиперки. 

Сади лубеници, зелка, пченица, пченка,  а има и овоштарник на површина од 4 хектари. 

„Пиперката оваа година е исклучително добра и веќе обрав 10 тони“ - раскажува тој. 

Во полето му помагаат четири сезонски работници. Нивата му е на 1 км од пазарот во Јагодина, каде килограм пиперки се продаваат за 40 до 50 динари што е добра цена. 

Оваа парцела земјоделецот ја купил за да гради куќа, но се откажал од намерата и сега огледува зеленчук. 

Раскажува дека вложил 250.000 динари на површините со пиперки, но вели дека заработка има, да нема не би се занимавале со оваа дејност. 

Тој има 40 години, а во работата се вклучени и другите членови на неговото семејство. 










Слично

Поврзани вести