Економија, финансии, бизнис

Контакт

Запознајте ја најмладата српска пчеларка, има само седум години

Запознајте ја најмладата српска пчеларка, има само седум години

Марија Костадиновиќ од српскиот град Прокупље има само седум години, а се грижи за десет кошници со пчели.

Таа веројатно е најмладата пчеларка на овие простори, а со ова хоби се занимава година дена.

„Прво зачадувам за да можеме да ги погледаме на мира, потоа ги земам рамките, и гледаме дали има легла, мед. Оние што имаат жолто на нозете тоа е затоа што се вратиле со нектар“-вели таа.

На ова девојче приоритет му е образованието, училиштето, а слободното време го поминува во природа наместо пред компјутер. Таа ги распознава и печурките, а најзина желба е во иднина да има голем пчеларник. Нејзиниот татко Дејан Костадиновиќ вели дека ланскиот мед го подарила, иако од него може добро да се заработи.

Љубовта кон природата Марија ја наследила од татко и.

Слично

Поврзани вести