Запознајте го најбогатиот Кинез!
Основачот на Алибаба, кинеската компанија за трговија преку интернет, Џек Маа, е најбогатиот човек во Кина со богатство од 20 милијарда долари.
Според годишната листа на Форбс за најбогати луѓе од Кина, бројот на милијардери во таа земја се зголемил годинава на 242 со минатогодишните 168.
Само личното богатство на Маа е зголемено на 19,5 милијарда долари со минатогодишните 7,1 милијарда долари, откако неговата компанија остварила рекордна заработка од иницијативата на јавната понуда (ИПО) акција на Њујоршката берза во септември.
Кинескиот претприемач, исто така, минатиот месец ја завзеде првата позиција на листата која ја составува кинескиот издавач „Хурун“, но на која цифрата на неговото богатство е значително повисока, односно на 25 милијарда долари. Компанијата Алибаба е основана пред 15 години со капитал од 60.000 долари кои ги собрале пријателите на Џек, а нејзината вредност сега се проценува на околу 240 милијарда долари. Џек, како поранешен професор по англиски јазик кој се свртел кон светот на интернетот, успеал по пат на продажба на акциите на Алибаба на Њујоршката берза да собере преку 800 милиони долари.
Кинескиот мултимилјардер Ванг Џијанин, водечкиот човек на конгломератите Ванда кој го купил американскиот ланец на кина АМЦ, е истуркан од првта позиција оваа година паѓајќи на четвртото место на Форбс листата на најбогати Кинези.
Предизвикателната година за кинескиот сектор на недвижности, кој инаку е главен извор на Ванговото богатство, предизвика пад на неговото богатство на 13,2 милијарди длари од минатогодишните 14,1 милијарда долари. Робин Ли - основачот на Баидуа, кинеската верзија на американскиот пребарувач Гугл - ја завзеде втората позиција на листата (со богатство од 14,7 милијарда долари), додека Пони Ма ов Тенсон, творцот на најпопуларната кинеска апликација за праќање пораки WeChat го зазеде третото место (со богатство од 14,4 милијарда долари).

