Економија, финансии, бизнис

Контакт

Започнува ловот на лавови на БалКанес: Нов концепт за пријавување во согласност со вонредните околности

Започнува ловот на лавови на БалКанес: Нов концепт за пријавување во согласност со вонредните околности

БалКанес (BalCannes) и понатаму е заедно со агенциите и регионалната комуникациска индустрија дури и во вонредни околности – пријавите се значајно поедноставени и бесплатни за сите, со надоместок за партиципација само за 25. најдобри проекти во рамки на БалКанес

Повторно постои единствена можност за презентација на својата работа пред клиентите од целиот Регион: пријавите за БалКанес (BalCannes) се отворени до 4. септември 2020 година! Во рамки на комуникациската индустрија, и покрај предизвикувачките околности, веќе со месеци успешно преовладува креативноста, иновативноста и вештата комуникација. Затоа, БалКанес одлучи да ги поддржи напорите на индустријата и пред целиот регион да ги претстави најквалитетните агенциски проекти во текот на изминатава година.

Пријавувањето е суштински поедноставено – доволно е да се пополни едноставен образец и заедно со него да се приложи кратко видео (на матичен или англиски јазик, со превод или без – сѐ се зема предвид) претходно користено за проектот. Сите заинтересирани учесници можат да се пријават бесплатно – со надоместок за партиципација само за 25-те најквалитетни регионални проекти кои ќе бидат одбрани.

И оваа година три жири-комисии, дел од БалКанес, составени од претставници на клиенти, агенции и медиуми, ќе одбираат добитници на девет лавови кои ги покориле законите на комуникациската џунгла и со тоа заслужиле признанија во следните категории: Најдобра БалКанес Агенција; Најдобар БалКанес проект; Посебна награда од жирито составено од претставници на Клиенти; Посебна награда од жирито составено од претставници од Агенции; Посебна награда од жирито составено од претставници на Новинари; Најдобар проект наменет за странски пазар, Најдобар регионален проект, Награда за храброст на Клиентот и Нова Нормала – вонредна награда во вонредни околности.

Мали проекти или големи кампањи; домашни проектни, но и оние наменети за странски пазари; пред корона или во новата нормала – сѐ додека се реализирани во период од 01.05.2019 до 04.09.2020 – можете да ги пријавите на БалКанес и со нив да се претставите пред клиентите од дури 8 земји, ширејќи го добриот глас за својата агенција.

Најдобрата покана за овогодинешниот Викенд Медиа Фестивал (Weekend Media Festival)е фактот дека од година во година во Ровињ се собираат се поголем број Клиенти. Затоа, бидете и вие дел од овој фестивал наменет за комуникациската индустрија и понесете со вас добра волја – единственото нешто кое Викенд Медиа Фестивал го бара од вас. Во случај на вонредни околности, ревијата БалКанес, која и оваа година е поддржана од Хрватската Стопанска Комора, ќе се одржи онлајн, со веќе потврдени фантастични услови – каде од своите домови ќе може да ја следи буквално цел регион!

За дополнителни информации, посетете ја страната: www.balcannes.com. И побрзајте – наближува моментот на одлука. 

Слично

Поврзани вести