Економија, финансии, бизнис

Контакт

Започнува хуманитарниот базар: “Од децата за децата” во Скопје Сити Мол

Започнува хуманитарниот базар: “Од децата за децата” во Скопје Сити Мол

Среќните и насмеани лица овие денови се’ почесто можат да се забележат во Скопје Сити Мол, местото каде што во тек се ,,Велигденските Радости”. Малите зајачиња предизвикуваат големо внимание, прегратки и фотографирања. Малите дечиња со посебна љубов ги цртаат своите Велигденски Јајца, сакајќи да ги импресионираат родителите.

Многу радости, среќни моменти, насмеани лица и креативни мали уметници кои од срце им се радуваат на зајачињата, птиците, цртањето јајца и сето она што е дел од ,,Велигденските Радости” во Скопје Сити Мол по повод најголемиот христијански празник, Велигден.

veligden city

До понеделник, 13 април, граѓаните ќе може да ја видат фармата со животни сместена на самиот влез на Молот, веднаш до Плеј Кафе. Велигденските работилници за деца, се место каде најмалите цртаат. Велигденскиот Базаар ,,Oд децата за децата” се случува денес и утре во 17 часот, како и големата изложба на декорирани јајца од основните училишта која ќе може да се проследи до понеделник. Да се напомене дека Велигденскиот Базаар за ѓаконијата ќе се случува во сабота, на 11 април, од 10 до 22 часот.

Период на насмевки и радости, љубов и празници. Период во кој на уникатен начин може да се прослави Велигден. По тој повод, повелете и бидете дел од ,,Велигденските Радости” во Скопје Сити Мол.

Во прилог на оваа информација погледнете го видеото, кој за момент ќе ве однесе во светот на магијата, празнувањето и среќата.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/OyHbrQGMsFk[/embed]
Слично

Поврзани вести