Економија, финансии, бизнис

Контакт

Започнува анкетното истражување за потребата од вештини на пазарот на трудот за 2018/2019 година

Започнува анкетното истражување за потребата од вештини на пазарот на трудот за 2018/2019 година


Од денеска стартува анкетното истражување за потребата од вештини на пазарот на трудот за 2018/2019 година кое Агенцијата за вработување на Република Македонија го спроведува согласно Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018.

Анкетното истражување ќе се реализира во периодот од 01.10.2018 до 31.10.2018 година помеѓу работодавачите од приватниот сектор со 7 и повеќе вработени.

Целта на анкетата за потреба од вештини на пазарот на трудот е да се обезбедат информации за потребата на работодавачите од нови вработувања во наредните 6-12 месеци и потребатаодзанимањаивештинисокоитребадарасполагааткандидатитезапланиранитеновивработувања.

Анкетното истражување ќе го спроведат вработените лица од центрите за вработување, а ќе бидат ангажирани  и невработени лица од евиденцијата на Агенцијата за вработување на Република Македонија како поддршка во реализацијата.

СоцелуспешноспроведувањенаанкетатавоАгенцијатазавработувањебеаспроведениобукизавработенителица, како и  за невработените лица кои ќе бидат ангажирани во реализацијата на анкетата.

Резултатите добиени од анкетното истражување претставуваат основа за креаирање на активни програми и мерки за вработување, кои имаат за цел да ги зголемат вештините на невработените лица и да ја зголемат нивната конкурентост на пазарот на трудот. Резултатите исто така се очекува да придонесат во создавање на услови за подобро функционирање на пазарот на трудот, преку вкрстување на понудата и побарувачката од соодветно квалификувана работна сила.

Добиените резултати  ќе послужат и во образовниот систем при концепирање на уписните политики и креирање на нови образовни програми за занимања усогласени со потребите на пазарот на трудот.


Слично

Поврзани вести