Економија, финансии, бизнис

Контакт

Започнете ја Новата година во сопствен стан во Маврово

Започнете ја Новата година во сопствен стан во Маврово

Колку убаво звучи да ја започнете новата година одморени, во бескрајна релаксација, опкружени со прекрасни зимски пејзажи. Сонце и снег, чист воздух, поглед кој остава без здив е идеална комбинација за секој љубител на природата.

Едно такво совршено место за регенерирање на потребната енергија во нашата земја е најубавиот национален парк Маврово кој плени со природните окружувања, прекрасната шума, планините, Мавровското езеро. Привлечен е во било кој период од годината, а посебно во овие зимски месеци кога Маврово се претвора во волшебен рај на земјата, со најмногу паднат снег кој овој месец  достигна и 70cm. Оваа најпозната рекреативна населба е центар на случувањата преку целата година, нудејќи можности за зимски и летни спортови и рекреативни активности.

Сега можете да го имате сето ова кога и да посакате, перфектен планински одмор во сопствен и удобен стан. Како до стан во Маврово? Имате одлична можност по цена од  само 650 евра до 830 евра за м2, да купите еден од 105-те апартмани, инвестиција на Пелагонија АД Гостивар.

Апартманите се со квадратура од 30 до 50 м2, а целиот објект е направен по највисоки стандарди, енергетски е ефикасен, а има и своја трафостаница. Апартманите се опремени со висококвалитетен ламинатен паркет Кронтекс произведен во Германија и високо квалитетни увозни керамички плочки. Станбениот комплекс има  5 типови на апартмани распоредени на 5 ката. Изложеноста на апартманите во зависност од големината и позиционираноста може да биде кон езерото или кон планината, така што секоја страна и секој агол од комплексот нуди поглед во бескрајот на природната убавина. Еднособните станови вклучуваат кујна, дневна соба и бања, а останатите вклучуваат дневна соба, спална, бања и кујна. Придржувајќи се кон принципот на комплетна услуга и работејќи по методот на дизајн, изведба и уредување до “клуч на рака”, идните сопственици на овие станови ќе добијат целосно опремен дом со сите неопходни елементи и содржини, освен финалното опремување на домот со мебел.

За повеќе информации посетете ја веб страната на комплексот www.stanovimavrovo.mk , фејсбук страната https://www.facebook.com/stanbenkompleksMavrovo/ или пак контактирајте го тимот за продажба на 078 30 30 59.


Слично

Поврзани вести