Економија, финансии, бизнис

Контакт

Започна со редовна работа Рудникот „Тораница“ во Крива Паланка

Започна со редовна работа Рудникот „Тораница“ во Крива Паланка

Се очекува полн капацитет со експлоатација во март, 2017 година.

Со добивањето на дозволата за експлоатација на минерали и руди за Рудник „Тораница“, компанијата „Булмак 2016“ започна со ископ и преработка на олово-цинкова руда. 

„Согласно тековните работи и ископот, има проценка дека рудникот ќе работи со полн капацитет во март, 2017 година.“ – изјави Проф. дтн. Инж. Николај Влканов, Претседател на Борд на Директори на „Минстрој Холдинг“ А.Д. „Ова ќе значи дека нашата компанија ќе има потреба од ново вработени рудари и персонал, соодветно со зголњмувањето на капацитетот при експлоатацијата на рудникот. Дополнително, покрај редовно вработените, ангажираме и ќе ангажираме во иднина добавувачи за друга опрема и материјали - потребни за непречено функционирање на рудниците.“ 

Моментално компанијата „Булмак 2016“ врши ископ на руда во двата рудника – „Злетово“ и „Тораница“, како и преработка на истата во руден концентрат во двете флотациони фабрики. Во моментот редовно се вработени 510 лица – инжинерски кадар, технички персонал и рудари. 


Слично

Поврзани вести