Започна пролетната сеидба во пелагониско
Во пелагониско во тек е пролетната сеидба.
Временските услови одат во прилог на сеидбата. Досега во битолскиот дел на Пелагонија со пролетни култури се засеани околу 20.000 хектари, објаснуваат од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
„Засеани се над 70 % од планираниот сончоглед кој се одгледува на површини од околу 5,5 илјади хектари, а фуражната пченка и пченка за зрно ќе бидат засеани на околу 4 илјади хектари. Градинарските култури и оваа година ќе се засејуваат на површини до 3 илјади хектари, почна подготовката на расади за пипер од рана сорта, а луцерката и сточен грашoк веќе се засеани“- вели Илија Србиновски, раководител на ПЕ на МЗШВ во Битола.
Се очекува пролетната сеидба во битолскиот дел на Пелагонија да заврши до крајот на следниот месец.
