Економија, финансии, бизнис

Контакт

Започна проектот „Растеме здраво“, едукативни работилници за здрава храна за нашите дечиња

Започна проектот „Растеме здраво“, едукативни работилници за здрава храна за нашите дечиња

Започна кампањата под името “Растеме здраво“ која е проект на Шеф Огненовски во соработка со Општина Карпош. Проектот се состои од едукативни работилници за подигнување на свеста кај родителите за значењето на здравата исхрана и доближување на можностите за приготвување здрава храна за своите дечиња. Во првата фаза ќе се опфатат сите градинки во Општина Карпош, а потоа проектот продолжува во основните училишта. Работилниците ќе ги предводи Шеф Влатко Огненовски, кој е познат гастроном и готвач.

да растеме здраво

Денес, во Форца кафе бар и ресторан, Шеф Огненовски и градоначалникот на општина Карпош г-дин. Стевчо Јакимовски официјално ја претставија кампањата Растеме Здраво пред медиумите. Присутните имаа можност да се запознаат со проектот и воедно да ја дегустираат здравата храна приготвена од Шеф Огненовски.

да растеме здраво 5

Сашо Лазаровски, Претседател на Совет на Општина Карпош на медиа пресот изјави: “На огромно задоволство на општина Карпош, овој проект “Растеме здраво“ започнува токму кај нас. Општината Карпош ги поддржува сите настани кои се однесуваат на најмладите категории и со овој проект ќе ги научиме како да го чуваат своето здравје и здраво да се хранат“.

да растеме здраво 3

Познатиот шеф Влатко Огненовски на медиа ручекот изјави: ,,Македонија изобилува со сезонски овошја и зеленчуци. Нашата земја има се што ќе посакате. Потребно е сите заедно да ја реставрираме традиционалната македонска кујна која содржи сезонски домашни состојки. На овие работилници ќе разговараме, ќе готвиме, ќе дегустираме вкусна и здрава храна.

да растеме здраво 2

Првата работилница е во градинката Мајски Цвет во Општина Тафталиџе и продолжува во останатите градинки во целата општина. Родителите кои ќе ги посетат овие работилници ќе добијат директни насоки за начинот на кој треба да ја приготват храната за своите деца, а ќе добијат прилика и да ја дегустираат истата. На крајот на секоја презентација, тие ќе добијат брошура со неделни рецепти, изготвена од шеф Огненовски.

да растеме здраво 1

Ајде да рстеме здраво!

Слично

Поврзани вести