Економија, финансии, бизнис

Контакт

Започна процесот за Фаланга 2, обвинетите се бранат дека е „местенка“

Започна процесот за Фаланга 2, обвинетите се бранат дека е „местенка“

По еден месец откако беа уапсени, започна судењето за 15-мината обвинети во случајот „Фаланга 2“, меѓу кои и поранешниот директор на Управата за заштита на културно наследство Паско Кузман. Се сомничат за илегално ископување и тргување со уништувале артефакти, за злосторничко здружување и злоупотреба на службената по­лож­ба, како и за прикривањ тешка кражба.

Об­ви­не­ти­те се бранеа дека не се припадници на криминална група, а тврдеа дека полицијата била информирана за нивната работа. Сооред Илче Бојчевски, ра­ко­во­ди­тел на одделението за превенција на културното наследство, сите активности во текот на неговата работа се правеле во согласност со по­ли­ци­ја­та. Бојчевски истакна дека 25 години гонел диви копачи,  а верува дека е приведен поради тоа што имал премногу информации за акцијата Фаланга 1, но и поради тоа што јавно ја критикувал полицијата дека не презема ништо во случаите со масовните кражбите на икони во Западна Македонија. И за поранешниот директор на управата, Паско Кузман, Фаланга 2 е наместен процес, а тој се товари за злоупотреба на службената положба бидејќи нелегално дал согласност на две лица да вршат ископувања кај местото Драмски Рид во околината на Делчево и кај Катланово. Паско Кузман е во домашен притвор, а тој е 16-тиот приведени во„Фаланга 2“, и својата одбрана ќе ја даде во петок.
Слично

Поврзани вести