Економија, финансии, бизнис

Контакт

Започнa месец на модата во Skopje City Mall

Започнa месец на модата во Skopje City Mall

За сите љубители на модатаи модните трендови Skopje City Mall организира кампања “Fashion month”, која започна вчера а ќе трае до 4-ти јуни. Во периодот кој следи секоја недела ќе биде посветена на различни групи на производи каде ќе биде презентирана понудата на закупците, а производите ќе можат да се купуваат по намалени цени.

Вчера започна матурската недела фокусирана на сите матуранти кои се во потрага по својата совршена комбинација, а ќе трае до 10.05. Наредната недела е посветена на џинсот. Џинс-манијата ќе трае до 17.05, а веднаш потоа започнува shoes mania, каде закупците ќе го понудат најдобриот избор на чевли по намалени цени. Последниот дел од Fashion month е резервиран за фустаните и со тоа ќе се заокружи месецот на модата.

“Целта на оваа кампања и сите останати настани кои ги организираме, е секој пат посетителите да добијат ново искуство и шопингот да го претворат во посебно доживување.Настојуваме нашиоттрговски центар да биде во чекор со сите глобални достигнувања во контекст на стандардите, интеракција со потрошувачите, понудата на брендовите и целокупниот амбиент. Во овој месец на модата, секој вљубеник во добриот моден стил ќе го пронајде своето парче облека и притоа ќе го искористи попустот кој го нудат закупците следните четири недели.”- изјави Дарко Панчевски од Skopje City Mall.

Од трговскиот центарнајавуваат и многу дополнителни активности, изложби и интерактивни работилници интересни за сите посетители. За повеќе детали посетете ја нивната официјална веб страна http://skopjecitymall.mk/. 

Слично

Поврзани вести