Се делат решенијата за данок на имот во Кисела Вода
Решенијата за данок на имот во општината Кисела Вода и оваа година, наместо по пошта, ќе се даваат на рака на даночните обврзници. Како што информираа од општината ангажираи се повеќе лица и техничките секретари од сите 14 месни и урбани заедници во општината кои веќе започнаа со доставување на решенијата. За оние даночните обврзници, кои не се со живеалиште во општината, решенијата ќе им бидат пратени по пошта.
За 2012 година, општината Кисела Вода има вкупно 21.400 решенија за данок на имот. Доколку не добијат решение, односно доколку доставувачите не успеат да ги најдат даночните обврзници во утврдениот рок, граѓаните решенијата ќе можат да ги подигнат во Даночното одделение во општината, информираат од општината.
