Запален автомобилот на 36-годишен кавадарчанец
Непознато лице, доцна синоќа го запалило автомобилот на 36-годишен кавадарчанец. Делото е сторено на улицата „7-ми Април“ во Кратово, а запалениот автомобил бил марка „Опел Фронтера“. Како што соопштија од полицијата, од пожарот целосно изгорел внатрешниот дел од каросеријата, а оштетен е надворешниот дел и задните гуми.
Полицијата излегла на лице место, а се уште се работи на откривање на сторителот на делото.
Слично
