Економија, финансии, бизнис

Контакт

Законскиот рок заврши, колку од ланските субвенции за земјоделство се исплатени?

Законскиот рок заврши, колку од ланските субвенции за земјоделство се исплатени?
Денеска завршува законскиот рок за исплата на директната финансиска поддршка за земјоделството за 2014-та година. Од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој велат дека најголем дел од субвенциите планирани со Програмата за финансиска поддршка на земјоделството се веќе исплатени, а посочуваат дека остатокот ќе се исплаќа во следниот период. -Исплатата на субвенциите за минатата година е при крај. Најголем дел од парите се исплатени.Сепак имал мал процент што сеуште не се исплатени и тие ќе се реализираат во следниот период. Се работи за слуачи каде нема комлетна документација и треба да се докумплетира, или пак недостигаат податоци и ние како Агенција по службена должност ги прибираме тие податоци, велат од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Според податоците од завршната сметка на Буџетот за 2014-та година, заклучно со лани декември од планираните  138.651.300, реализирани се 123.651.300 евра. Колку од разликата досега е исплатено, засега нема информација. Од Агенцијата посочуваат дека точни податоци за исплатената сума ќе имаат деновиве. Претходните години реализацијата на субвенциите не беше целосна Процентот на реализација на субвенциите во последниве четери години не е целосен.Тоа го покажуваат податоците од завршните сметки на Буџетите на РМ во последниве четири години, Агенцијата за финансиска поддршка на земјходелството и руралниот развој и Нацрт-националната стратегија за земјоделство и рурален развој 2014-2020 година.Така според завршните сметки на буџетите, околу 30 отсто од парите што се планирани за директна поддршка само во земјоделството без руралниот развој, не можат во целост да се искористат.
Година Планирано Реализирано % на реализација Нереализирани средства
2010 99 79 80 20
2011 110 65 59 45
2012 127,6 92,5 72 35,1
2013 135 95,8 71 39,2
Вкупно 471,6 332,3 70,46 139,3
Во милиони евра Слични се податоците за реализацијата на субвенциите и во  Нацрт-националната стратегија за земјоделство и рурален развој 2014-2020 година.
Година Планирано Реализирано % на реализација Нереализирани средства
2008 45 45,1 100,3 0
2009 70 70 100 0
2010 100 93,1 93,1 6,9
2011 115 94 81,7 21
2012 130 88,3 69,7 41,7
2013 135 99,2 73,5 35,8
Вкупно 595 489,7 82,30 105,4
Во милиони евра Од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството велат дека исплатата на финансиската поддршка се извршува во согласност со утврдените критериуми и дека . субвенциите се исплаќаат во две буџетски години, односно во тековната година кога е поднесено барањето и во следната година. Еве што покажуваат податоците на Агенцијата во однос на исплатата на субвенциите.
Исплатени средства за земјоделство (во мил. евра)
Година Исплатено
2008 46,5
2009 65,2
2010 90,1
2011 95,2
2012 86,4
2013 92,7
Светска банка во еден од последните извештаи за македонското земјоделство, позитивно ја оценува висината на финанасиката поддршка за земјоделство, но укажува дека постои несигурност во однос на времето на исплата на директните плаќања, што влијае врз намалување на ефектите што треба да произлезат од субвенциите. Т.С
Слично

Поврзани вести