Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАГРИЖУВАЧКИ: Нови 39 случаи на ХИВ/СИДА регистрирани оваа година

ЗАГРИЖУВАЧКИ: Нови 39 случаи на ХИВ/СИДА регистрирани оваа година

Првиот ХИВ позитивен случај  од вирусот кај нас се појави во 1987 годин, а првото заболено лице од СИДА е регистрирано во 1989 година.

Во периодот 1987 – 2014 година вкупно се регистрирани 236 лица  со ХИВ/СИДА. Од нив 75 веќе починале. Од вкупната бројка, 160 се болни а 76 носители на вирусот. 189 се од машки а 47 од женски пол. Најмногу, или 114 се заразиле по хееросексуален пат. Дури 93 ХИВ/СИДА добиле при сексуален контакт на маж  со маж, 12 биле интравенски корисници на дрога, 6 хемофиличари и кај исто толку преносот бил од мајка на плод. Од 236-те регистрирани случаи досега 10 се странци. Што се однесува по градовите, најмногу се од Скопје 108 и 23 во Тетово. Дури 163 од случаите се на возраст од 20 до 39 години.

 Институтот за јавно здравје информира дека минатата година биле направени 24.562 тестови за дијагностика на ХИВ.
Слично

Поврзани вести