Загина градежен работник, паднал од скелето на хотелот Мериот во центар
По пад од скеле денеска загина градежен работник додека работел на изградбата на новиот хотел Мериот во центарот на Скопје. Како што соопштија од полицијата, станува збот за 48-годишниот М.М. од Скопје, а скелето од кое паднал било поставено околу фасадата на хотелот во градба.
Оттаму посочуваат дека несреќата се случила околу 11.25 часот. Задега нема информации поради кои причини паднал градежниот работник и починал.
Полицијата направила увид, а на местото покрај истражните екипи присутен бил и заменик јавен обвинител.
Слично
