Економија, финансии, бизнис

Контакт

Задутре почнува 46-то по ред Балканско првенство во едрење на Охридското Езеро

Задутре почнува 46-то по ред Балканско првенство во едрење на Охридското Езеро
Од 4-7 септември, на Охридското езеро, ќе се одржи 46-то по ред отворено Балканско првенство во едрење – „Охрид 2013“, на кое ќе учествуваат повеќе од 200 натпреварувачи од Македонија, Турција, Бугарија, Романија, Србија и Црна Гора. Генералниот секретар на Едриличарската федерација на Македонија, Иван Андреески, на денешната прес-конференција појасни дека целиот настан ќе се одржува на две регатни полиња на Охридското Езеро, со дијаметар од 1,2 наутички милји. Натпреварувачите и екипажите ќе се натпреваруваат во вкупно седум класи и тоа „Оптимист“, „Ласер стандард“, „Ласер 4,7“, „Ласер радијал“, „470“, „Фин“ и даски за едрење. Македонската репрезентација на Балканијадата во Охрид ќе ја сочинуваат 24 натпреварувачи и екипажи, од кои 14 се најмладите во класата „Оптимист“, четворица во класата „Ласер 4,7“, двајца учесници во „Ласер стандард“ и две екипи во класата „двосед 470“, по една во машка и една во женска кон конкуренција. За регуларноста на вкупно предвидените 12 трки во рамки на првенството ќе се грижат осум меѓународни судии од Романија, Турција, Бугарија и Србија. На отворениот балкански шампионат нема да има учесници од Република Грција, кои иако поканети, не испратија свои едриличари во Охрид.
Слично

Поврзани вести